Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“

Litera Gosi od Turcija foto-03
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Гизем Ѓозде Учар, авторка и илустраторка, има впечатлива кариера и влијателно присуство во светот на литературата за деца во Турција. Нејзините книги не само што забавуваат туку и ги образуваат малите умови, поттикнувајќи ги на креативност и размислување. Со долгогодишно искуство и многу книги во нејзиното портфолио, Гизем Ѓозде Учар претставува еден од најзначајните современи гласови во литературата за деца.


Илустрациите на Угур Алтун не само што ги красат страниците, туку и ги оживуваат. Неговиот талент внесува магија во книгите за деца создавајќи светови кои им оставаат длабоки впечатоци на младите читатели. Награден и признат во целиот свет, Угур Алтун со својата уметност и визија ќе го збогати Фестивалот за литература и илустрација за деца.

Оваа година фестивалот „Литера“ ќе биде почестен со присуството на овие двајца исклучителни таленти, чија работа ќе биде во центарот на вниманието. Дел од нивните дела ќе бидат изложени за време на фестивалот, а тие ќе одржат и работилници, што ќе биде одлична можност за размена на идеи и искуства со македонските автори и илустратори за деца.

Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе се организираат средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Кондовски, до многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната литература и илустрацијата за деца.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK