Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор на „Струшките вечери на поезијата“

Screenshot-2024-08-26-102908.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот.


Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертектуалната игра.

– Повикувајќи се на светскиот класик „Алиса во земјата на чудата“, низ интертекстуална игра Андреј Медиќ Лазаревски храбро и софистицирано води дијалог со себеси и светот, преиспитувајќи ги своите внатрешни лавиринти низ неконвенционални и свежи поетски слики. Низ стиховите авторот успева да изгради култивирана визура во сопствениот лирски и филозофски дискурс. Песната нѐ води низ еден специфичен имагинарен времепростор, во кој авторот успева да дополнително да ги очуди познатите симболи, давајќи им нова смисла и семантичка сила. Преку патувањето низ универзалните егзистенцијални траектории низ светот на имагинарното и реалното, авторот, на места иронично и пркосно, нѐ повикува на нови преиспитувања, читања и преобмислувања на светот на дуалностите во кој е заробен. Неговиот императив не е да пишува за она што е присутно и видливо, туку да го артикулира и трансцендира она што интуитивно го пренесува од „другата страна“, во една нова метафизичка димензија – стои во образложението на жири-комисијата.

Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Златен венец“, „Браќа Миладиновци”, „Мостови на Струга” и „Млада Струга“ синоќа заврши официјалниот дел на 63. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Фестивалот ќе се заокружи со Меѓународен поетски митинг во Скопје, кој ќе се одржи вечерва на платото на Музејот на современа уметност со почеток во 20:30 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK