Во галерија ОСТЕН вечерва ќе се отвори дијалог-изложбата на карикатури „2КАЦ“ на израелските карикатуристи, Григори и Илја Кац, со која Светската галерија на карикатури го започнува одбележувањето на 55-годишниот јубилеј, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и е во соработка со Скопско лето 2023.
Концептот на изложбата „2Kац“, како што соопштуваат од ОСТЕН е двогледност – две визии на иста тема, два изрази на двајца уметници, еден постар и еден млад, татко и син. Нивните дела се претставени во тематски парови, давајќи секој пат драматичен конфликт на целината. Воедно, посетителите можат да се восхитуваат на делата преку „двогледни спектакли“
Григори работи како архитект, карикатурист и илустратор. Од 2008 година започна да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатура и освои повеќе од 60 награди на меѓународни натпревари за карикатура, додека, пак Илја е карикатурист, сликар и дизајнер. За разлика од татко му, тој почнал да учествува на меѓународни изложби и натпревари за карикатури во 2006 година и освои повеќе од 100 награди на меѓународните натпревари за карикатура.