Колумна на Борис Ефтимовски: Три поучни поенти од победничката кампања на Трамп

boris_eftimovski_234234324
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автор: Борис Ефтимовски

Денес ја посведочивме една од највпечатливите победи во историјата на американската политика, така што Доналд Трамп стана само вториот американски претседател со непоследователни мандати (последен таков беше Гроувер Кливленд во 19 век). Притоа, не само што Трамп го освојува електоралниот колеџ со големо мнозинство, тој исто така го освои мнозинството од сите гласови на територијата на Соединетите Американски Држави (на Републиканците последен пат тоа им успеало во 2004 година). Истовремено, Републиканската партија го освои мнозинството гувернери, сенатори, а се чини и пратеници во Претставничкиот дом.


Незадоволството кај популацијата од мандатот на Бајден и Харис очигледно имаше големо влијание, но секако не смее да се занемари речиси одлично спроведената кампања на Трамп и неговиот табор. Што, тогаш, можеме да научиме од неа? За нас како луѓе од комуникациската индустрија, ова е кампања која долго ќе ја анализираме, а на која сосем сигурно влијаеле мал милион фактори. Меѓутоа, во оваа прилика, издвојуваме три клучни поенти кои сметаме дека имаа важно влијание во нејзиниот успех.

  1. Јасно таргетирана целна група

Кампањата на Трамп добро ги процени своите можности меѓу различните демографски групи и јасно си ја постави целната група: млади и средовечни мажи од сите раси и професионални сфери. Како резултат на таквата поставеност, Републиканците успеаја да направат голем пресврт во освојувањето на добар дел од латиноамериканските и афроамериканските гласови, покрај традиционалните упоришта меѓу белечкото население во руралните средини. Истовремено, Трамп привлече голем дел од работничката класа и синдикалното членство, кои што традиционално досега се сметале за „бастион“ на Демократите.

Од другата страна, кампањата на Харис главно се фокусираше на жените од урбаните и субурбаните средини и обезбеди релативен успех меѓу нив. Меѓутоа, тие не успеаја добро да ги коориднираат своите односи со малцинските демографски групи кои претходно биле верни гласачи на Демократите, пред сè со нивниот машки дел. Кампањата на Харис, вклучително и настапите на нејзините сојузници како поранешните претседатели Обама и Клинтон, упатуваа прилично „снобовски“ пораки кон мажите од малцинските групи, како да нивниот глас треба по „дифолт“ да оди на контото на Демократите. Истото се случуваше и со белите мажи од работничката класа и членовите на синдикатите. Поука: Циничниот и обвинувачки однос кон добар дел од своето традиционално гласачко тело не е добра идеја.

  1. Јасни пораки

Со цел да се одржи победничка коалиција, мора да се задоволат сите нејзини делови. Па, затоа, секоја кампања се фокусира на широк спектар од теми во зависност од интересот на нејзините целни групи. Меѓутоа, главните пораки мора да бидат јасни и конзистентни. Кампањата на Трамп успеа да одреди три главни политички точки на обединување: 1. Борба против илегалната имиграција; 2. Национален трговски протекционизам; 3. Мирољубива надворешна политика.

Продолжете со читање на Marketing365

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK