Трансформација на домашниот простор: Уметноста на телевизорот Samsung The Frame

samsung_MK-2024_The-Frame_KV_H-Roses-OPEN-FILE
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Замислете ја вашата дневна соба со прекрасна амбиентална светлина, каде што едно парче технологија совршено се трансформира од централна точка на забава во уметничко дело. Тоа е магијата на Samsung телевизорот The Frame , во кој што извонредниот дизајн се среќава со неспоредливо гледачко искуство. Овој телевизор, како и останатите модели од семејството на The Frame телевизорите на Samsung, не се само електронски уреди; тие се револуција во тоа како ја перципираме домашната забава и ентериерот.

The Frame: Каде што уметноста се среќава со технологијата



Телевизорот The Frame ја потврдува дека технологијата може да исполнува високи стандарди за естетика. Кога е исклучен, овој телевизор се трансформира во прекрасен уметнички уред, спојувајќи се со декоротивните решенијаво секоја просторија. Заборавете на црн екран во дневната соба кога телевизорот е исклучен, бидејќи екранот на The Frame нуди внимателно одбрани дела на светски познати уметнички слики, од класични ремек-дела до современи чуда, претворајќи го вашиот простор во уметничка галерија.

Но, магијата не завршува со неговиот изглед. Со QLED технологијата на The Frame бидете сигурни дека кога ќе дојде време да ги гледате вашите омилени серии, филмови или спортски настани, квалитетот на сликата е едноставно спектакуларен. Живописни бои, длабоки црни тонови и јасни детали ќе го претворат секое ваше гледачко искуство визуелно уживање.

Веќе нема да ви пречи отсјајот  кој може да се појави, бидејќи екранот на The Frame е мат екран кој  го апсорбира отсјајот и ви овозможува вистинско уживаш во текстурите и деталите на уметничкото дело.

Минималистичкиот концепт на дизајнот на модерниот и елегантен телевизор The Frame е создаден да се инсталира на самиот ѕидот како вистинска рамка за слика и совршено да се вклопи во секој дом. А со изборот на совршената рамка кој ќе го направите, можете да го прилагодите со тоновите на боите и стилот на вашиот домашен ентериер. Рамките се направени да се „слеат“ со ѕидот“, или пак, можете да одберете ѕиден носач или држач за телевизорот, кој можете и да го ротирате кога улогата му е да прикажува едно од 2100-те уметнички дела кои ви се на располагање во Samsung Art Store. Процесорот Quantum 4К овозможува сеопфатен перформанс, интелигентно оптимизирана слика, surround аудио искуство за неверојатен звук со Dolby Atmos, а режимот EyeComfort автоматски го приспособува осветлувањето на екранот во зависност од амбиентот или светлото наоколу. Телевизорот The Frame дефинитино е врв на функционалната убавина, нудејќи беспрекорен премин помеѓу уметноста и забавата.

Music Frame: Симфонијата на звукот и изгледот

Но, не е само телевизорот The Frame уред кој ги плени дури и оние со најистенчен вкус; Samsung го создаде и безжичниот звучни Music Frame, иновативната фузија на звук и визија, кој го донесува до совршенство аудио искуството. Дизајниран со естетиката на висококвалитетен аудио систем, Music Frame поседува премиум звучници, овозможувајќи богато и имерзивно звучно искуство кое ги комплементира неверојатните визуелни ефекти.

За совршен амбиент Music Frame беспрекорно ќе се интегрира во вашиот домашен декор, со помош на приспособливи рамки и елегантниот, минималистички дизајн кој изразува ултимативна софистицираност.

Нова ера на домашна забава

Телевизорите The Frame и безжичниот звучник Music Frame ТВ не се само уреди за гледање и слушање; тие го подобруваат животот воопшто и ги бришат границите помеѓу уметноста и забавата, звукот и визијата, функционалноста и естетиката. Редефинирајќи ја домашната забава, Samsung создаде нешто навистина уникатно и хармонично, наменето за уживање во најдобрите работи во животот. За да опцијата да го збогатите вашиот дом со The Frame телевизор биде уште попримамлива, во тек е акција со која ја добивате рамката на подарок. Побрзајте и почувствувајте ја новата ера на домашната забава во сопствениот дом!

Понудата е достапна кај одбрани бизнис партнери на Samsung.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK