Сите првачиња пред East Gate Mall во недела: маршираме заедно пред првиот училишен ден

KV
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На први септември пред East Gate Mall во 10 часот наутро ќе започне првиот заеднички марш на кој учество ќе земат првачињата кои допрва ќе влезат во училишните клупи, како и оние кои се враќаат во нив







Овој први септември East Gate Mall, заедно со поддржувачите Шпаркасе Банка и Литература.мк, како дел од своите активности посветени на учениците кои почнуваат или се враќаат во своите училишни клупи, го организира најголемиот марш на ученици со кој ќе го најави почетокот на оваа учебна година.

Во недела, во 10 часот наутро, платото пред East Gate Mall ќе биде местото каде ќе се соберат родителите и учениците на кои нависитина им значи сета поддршка во школските денови.

Маршот ќе започне од платото на East Gate Mall, ќе води низ самиот мол, и ќе заврши на завршното место на приземјето (спроти Liu Jo), каде сите присутни ќе уживаат во кратка панел дискусија на исклучително важна тема: врсничко насилство, како да го препознаеме, и како да го спречиме. Панел дискусијата ќе биде водена од Бојана Петровска (психолог), а во неа учество ќе земат Слаѓана Вујошевиќ (актерка), Александар Динев (инфлуенсер) и Татјана Алексиќ (професорка).

Настанот пред и во East Gate Mall e од отворен карактер, и сите првачиња и ученици кои почнуваат или се враќаат во училишните клупи се добредојдени. За сите присутни првачиња, Литература.мк ќе обезбеди симболични подароци.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK