Серијата што го освои светот, моделот што го освои стилот: Galaxy S25 Edge


001-Meet-the-Samsung-Galaxy-S25-Edge-An-Engineering-Marvel-of-New-Slim-Hardware-Innovation-NewsBody
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Можеме слободно да кажеме дека оваа година серијата Galaxy S25 ги поместува стандардите во светот на смартфоните. Во ера кога секој миг заслужува да биде забележан, оваа серија покажува што навистина значи врвен, современ уред. А меѓу сите модели, Galaxy S25 Edge е последниот што привлекува внимание – ултра тенок, интелигентен и беспрекорно елегантен, создаден за оние што сакаат стил и моќ без компромиси.

Со Galaxy S25 Edge утрото започнува со кафе и нотификации, а во вашата рака лежи лесно, како лист хартија – со само 5.8 мм дебелина и 163 грама тежина, речиси и да не го чувствувате. Но кога ќе го погледнете, веднаш знаете дека држите нешто посебно. Титаниумската рамка му дава цврстина и суптилен сјај, додека Dynamic AMOLED 2X екранот ги оживува боите на денот, било да проверувате календар, гледате видео или едноставно листате низ галеријата.


Попладнето го поминувате со пријатели во парк каде не мора никој да биде фотограф за да имате фантастични фотографии. 200 MP камерата ги фаќа сите детали, од искрените насмевки до светлината на зајдисонцето. Дури и кога се спушта ноќта, Nightography и ProVisual Engine се грижат секој кадар да биде совршен. А потоа, со само неколку допири, AI уредувањето ги подобрува сенките и аглите, така што фотографијата изгледа како од професионален апарат, без да потрошите време на мануелно обработување.

Во делот од денот кога работите, Galaxy S25 Edge е вистинскиот личен асистент за вас благодарение на системот на ВИ функции Galaxy AI, а особено на четботот Google AI Pro кој ќе ги одговори сите ваши прашања во реално време. Додека одговарате на мејлови, можете да добиете сумирани инфо од пораките, преведени повици во реално време и предлози со најсоодветни одговори. Сè работи непречено, природно, како разговор со пријател кој ве разбира без зборови.

Сето ова е фантастично, но што се случува со безбедноста на вашите податоци? Денес добрата заштита од сајбер закани е императив, па така, во време кога податоците значат сè, Samsung Knox е вашата невидлива заштитна бариера. Вашите фотографии, отпечатоци и документи се шифрирани и безбедни, каде и да сте.


Со One UI 8, интерфејсот е интуитивен и секогаш свеж, поддржан со 7 години ажурирања за максимална сигурност. А со апликацијата SmartThings, телефонот станува центарот на вашиот дом – го вклучувате телевизорот, ја проверувате пералната или го активирате шпоретот пред да стигнете дома. И уште многу други домашни операции кои ги извршуваат вашите домашни апарати.

Try Galaxy – доживејте го пред да го поседувате

И пред да го имате во рака, можете да го почувствувате Galaxy искуството со апликацијата Try Galaxy. Таа ви овозможува да ги откриете Galaxy AI можностите на телефонот што веќе го користите – мала најава за светот што ве чека кога ќе го изберете Galaxy S25 Edge.

Не двоумете се – Galaxy S25 Edge е врвот. Телефон што изгледа како моден детал, размислува како асистент и ве следи со стил, сигурност и интелигенција во секој чекор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK