Препознатливиот квалитет, континуитетот во извонредниот дизајн и иновативните перформанси на вештачката интелигенција, очекувано беа центар на вниманието при претставувањето на новите револуционерни модели од серијата Samsung Galaxy Z.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 повторно донесуваат сосема уникатно и ново искуство со телефони на преклоп за сите корисници, овој пат засилено со Galaxy AI* обезбедувајќи широк опсег на функции напојувани вештачка интелигенција. Благодарение на постојаното усовршување и примена на најнови технологии, новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се најтенките и најлесните телефони на преклоп досега од серијата Galaxy Z на Samsung, создадени со зголемена удобност при носењето и унапредена функционалност при користењето. Корисниците сега можат да ги реализираат своите креативни идеи на многу поедноставен начин, а елегантниот и револуционерен систем им дава можност многу побргу да наоѓаат решенија за сложени прашања и задачи. Покрај напредокот во перформансите и визуелниот изглед, Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 го поседуваат најнапредниот мобилен процесор Snapdragon досега, напојуван од Snapdragon® 8 Gen мобилната платформа за Galaxy, кој е прилагоден на барањата и можностите на вештачката интелигенција, а носи и други подобрени перформанси.
Оваа, шеста генерација на паметни Galaxy Z телефони е, исто така, опремена со напредните Armor Aluminum и Corning® Gorilla® Glass Victus® 2, правејќи ја оваа серија на телефони најиздржливата Galaxy Z досега. Дизајнерскиот „дует“ Galaxy Z Fold6 – Galaxy Z Flip6 веднаш ќе го најде патот до своите корисници: едниот до оние кои претпочитаат највисоко ниво на продуктивност со помош на нивниот Galaxy Z Fold6, како и до оние кои сакаат модерен тренди телефон со фантастични креативни можности, кој ќе застана и во најмалата ташна, како Galaxy Z Flip6. Што се однесува до боите, изборот е помеѓу сребрена сенка, розова и темно сина за Galaxy Z Fold6 и сребрена сенка, жолта, сина и нане за Galaxy Z Flip6.
Galaxy Z Fold6 – создаден за љубителите на големите екрани
Но, да обрнеме внимание на новиот Galaxy Z Fold6, поголемиот од двата нови телефони на преклоп, кој кога е отклопен, добивате екран екран од 7,6 инчи, фантастичен за работа, создавање и забава каде и да се наоѓате. Со ова на ум, како и со бројните харверски и софтверски подобрувања и можности за интегрирана вештачка интелигенција, бидете сигурни дека добивате можност за зголемена продуктивност, но и уникатно искуство за уживање во голем екран.
Како дел од апликацијата Samsung Notes, новиот Galaxy Z Fold6 нуди помош во форма на опцијата Note Assist, која може да генерира преводи, резимеа и автоматско форматирање, додека сосема новата функција Sketch to Image ќе ви овозможи да создавате вистински уметнички дела. Со мноштво зајакнати и подобрени ВИ функции за комуникација, како преведеување во реално време, hands-free интерпретатор и алатки за пишана комуникација кои предлагаат содржини, овој телефон на преклоп со полно право се нарекува совршен работен асистент, но и многу повеќе од тоа – интегрираната вештачка интелигенција ја подига и креативноста на ново ниво со функциите Photo Assist, Photo Edit и Portrait Studio.
Веќе познатата револуционерна ВИ функција Пребарување со заокружување (Circle to Search) продолжува да биде една од најкористените, но сега обезбедувајќи генеративни резултати на големиот екран. И не го заборавајте S Pen пенкалото, кое заедно со останатите карактеристики на уредот, навистина можат да го заменат вашиот лаптоп, и секако таблет. Galaxy Z Fold6 доаѓа во прекрасни, несекојдневни бои, правејќи го овој уред уште попривлечен: сребрена сенка, розова и темносина.
Исто така, новата серија Galaxy Z поседува интегрирана апликација Google Gemini, која претставува личен асистент на корисниците, обезбедувајќи им поддршка при планирање, учење или пишување. Благодарение на компатибилноста на Google Gemini со другите апликации на Google, корисниците ќе имаат можност да уживаат во сосема нови можности за користење на нивните омилени апликации, како што е YouTube.
Уред со совршени гејминг перформанси
Покрај бројните напредни можности за работна продуктивност и креативен израз, големиот екран на Galaxy Z Fold6 е совршен уред за гејминг кој донесува нов начин на уживање во игрите. Гејмингот на овој уред е единствено доживување благодарение на моќниот чипсет и 1,6 пати поголемата комора за празнење, што овозможува подолго уживање во игрите, без губење на перформансите. Технологијата Ray Tracing овозможува живописна графика на екранот кој нуди и подобрена осветленост до 2600 нити.
Samsung Knox – Напреден систем за заштита за дополнителна безбедност
Корисниците на уредите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 можат да уживаат во безбедноста благодарение на платформата Samsung Knox, одговорна за заштита на приватните информации на корисниците и одбрана од потенцијални закани.
Достапност
Во тек е период на преднарачка на новите телефони на преклоп Galaxy Fold6 и Galaxy Z Flip6 која трае до 17.10.2024 и нуди интересни погодности и подароци. Во официјална продажба најновите уреди на Samsung ќе бидат достапни кај нас од 24.07.2024.
Во рамки на претставувањето на серијата телефони на преклоп од новата Galaxy Z серија, покрај телефоните на преклоп Galaxy Fold6 и Galaxy Z Flip6, беа претставени и уредите Galaxy Buds3 и Galaxy Buds3 Pro, како и паметните часовници Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7.
* Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.