Се ближи Новата година, период кога носиме одлуки дека „од утре“ ќе бидеме подобри, послаби, посреќни, поисполнети… Дека ќе бидеме поактивни, ќе тренираме повеќе, ќе се храниме поздраво, ќе си легнуваме на време. И секоја година, повторно, многумина се откажуваат по само неколку дена или недели. Зошто? Затоа што ја забораваат најважната работа – упорноста.
Големите промени не се случуваат преку ноќ, туку се создаваат преку мали, доследни чекори. Не преку совршени денови во кои се е како под конец, туку преку континуитет, дури и кога работите не одат баш лесно. Еве неколку совети како да истраете во вашите новогодишни одлуки годинава.
- Поставете си реална цел
Тоа не мора да биде истрчан маратон, 30-дневна диета или драстична промена. Ако сакате да ослабете, започнете со помала цел. На пример, пет килограми помалку за три месеци. Што треба да направите? Сфатете дека на тие килограми им требаше време за да се натрупаат, па затоа ќе им треба време да се изгубат. Бидете трпеливи, верувајте си себеси и верувајте му на процесот.
- Запишувајте го вашиот напредок
Водете дневник за вашите чекори, оброци или која било друга навика што сакате да ја промените. Пишувањето создава свест и ве потсетува колку веќе сте постигнале. Понекогаш дури и не сме свесни за некои работи сè додека не седнеме сами со себе и не си признаеме сè. Пишувањето е важен чекор во признавањето, како на грешките, така и на успесите.
- Наградете се за упорноста
Секој пат кога ќе постигнете некоја цел, наградете се себеси – со нова книга, шолја кафе во вашето омилено кафуле или викенд без телефон. Малите награди го прават процесот попријатен. Честитајте си себеси онака како што никој друг не може и не знае.
- Не дозволувајте еден лош ден да ве исфрли од колосек
Ако го прескокнете тренингот или ја прекинете диетата, не е крај на светот. Важно е да се вратите уште следниот ден. Упорноста не значи совршенство, туку враќање на патот што сте го избрале.
- Носете одлуки што ќе ви го сменат секојдневието
Малите промени во секојдневието може да донесат големи придобивки. На пример, ако сте возрасен пушач кој размислува за промена и подобра алтернатива, Новата година е вистинското време за да направите пресврт. Доколку не сакате целосно да се откажете од секојдневниот ритуал, изберете некоја од алтернативите без чад како опција со намалена штетност во споредба со цигарите. Овој избор е знак дека сте подготвени да истраете во промените што носат долгорочни резултати. И не заборавајте, промените не доаѓаат затоа што се приближува Новата година, туку затоа што вие сте одлучиле да бидете доследни со себе, вашиот живот и поставената цел. Новата година може да биде нов почеток, но само ако одлучите да истраете на зацртаниот пат.