Глобално истражување: Регулацијата не ја кочи крипто-индустријата туку ја зајакнува


crypto regulation - unsplash
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјите што воведуваат јасна и предвидлива регулатива за криптовалутите бележат побрз пазарен раст и повисока доверба кај корисниците, покажуваат новите податоци на „The 2025 Global Adoption Index“ (Глобален индекс на прифаќање за 2025 година).

Според извештајот, регулацијата не е кочница, туку е мотор на иновациите, односно создава рамка што овозможува сигурна, одговорна и долгорочна употреба на криптовалутите.


Јасните правила поттикнуваат одржлив развој

Податоците на Chainalysis Global Crypto Adoption Index покажуваат дека државите кои вовеле транспарентни, правила базирани на ризик за користење на крипто,имаат значително поголема крипто-активност и кај поединците и кај институциите.

Binance во својата анализа истакнува:

„Кога постојат јасни правила на игра, иновацијата не запира. Напротив, таа се засилува затоа што учесниците имаат сигурност и доверба“.

Овие резултати потврдуваат дека регулацијата не е антипод на крипто-филозофијата, туку предуслов за нејзино зрело и одговорно прифаќање.

САД, Бразил и Јужна Кореја – примери на позитивна примена

Според Binance, токму примерите од овие три држави најјасно ја илустрираат врската меѓу регулацијата и растот:

Во САД, по усвојувањето на регулативите и одобрувањето на првите спот биткоин ETF фондови, довербата на институционалните инвеститори драстично се зголеми, што доведе до историски прилив на капитал во крипто секторот.

Во Бразил, со усвојувањето на Законот за виртуелни средства во 2022 и воспоставување јасни лиценцни механизми во 2023 година, земјата стана регионален лидер во усвојувањето на дигитални средства.

Во Јужна Кореја, пак, новиот Закон за заштита на корисници на виртуелни средства дефинира строги обврски, што ѝ помогна на земјата да се искачи на 15-тото место во глобалното крипто рангирање.

Глобални иницијативи за усогласување

Меѓу клучните нови чекори се издвојува формирањето на UK-US Transatlantic Taskforce for Markets of the Future (Трансатлантска работна група за пазари на иднината), чија цел е да изработи конкретни предлози за стабилни коини, токенизација и прекугранични плаќања во рок од 180 дена.

Велика Британија веќе ја објави својата стратегија “Digital Assets 2025–2030”, со јасна порака дека сака да стане глобален центар за дигитални финансии.

Придобивки за сите инволвирани

Со јасните регулативи, придобивки имаат сите страни во екосистемот: корисниците добиваат поголема заштита и сигурност, институциите – правна предвидливост и стабилни правила за инвестирање, додека државите добиваат алатки за контрола и развој на легитимна крипто-инфраструктура што го поттикнува економскиот раст.

„Јасната регулатива е клучот што го отвора следното поглавје во дигиталните финансии,“ наведува Binance. „Таа им овозможува на земјите да ги заштитат граѓаните, а на компаниите да создаваат иновации без ризик од несигурност“.

Binance како партнер на регулаторите

Како водечка светска крипто-платформа, Binance активно соработува со регулатори во повеќе од 30 држави, поддржувајќи ги процесите за безбедна примена на криптовалутите.

Компанијата посочува дека индустријата и регулаторите мора да работат заедно, бидејќи само така може да се создаде стабилна рамка која ќе овозможи раст на довербата, ликвидноста и транспарентноста.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK