Фестивал на видео игри во Diamond Mall

gaming_diamond_mall_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Од 15 до 19 јуни, сите љубители на видео игри ќе бидат во Diamond Mall каде ќе се одржи специјален фестивал посветен на модерните и ретро видео игри. Фестивалот е во организација на Diamond Mall и ќе има натпреварувачки карактер, со атрактивни подароци за натпреварувачите во различните категории. Посетителите што нема да се натпреваруваат ќе имаат можност да бидат дел од гејминг забавата во посебно опремениот простор со симулатори и конзоли за видео-игри.







На фестивалот во Diamond Mall сите учесниците и љубителите на видео-игрите ќе можат да се забавуваат и натпреваруваат, а меѓу игрите што ќе ги понуди фестивалот се оние од „PlayStation“ и „Nintendo“, но и ретро видео-игрите како „Super Mario“, „Pack-Man“, „King Kong“ и сл. Понудата е дополнета и со опции за натпреварување и забава, преку практикување фудбалски вештини.

За најуспешните учесници на фестивалот на видео-игри, Diamond Mall ќе обезбеди подароци ќе ги додели познатиот македонски актер, познат љубител на видео игри и програмер Гораст Цветковски, а доделувањето ќе се одржи на 19 јуни 2024, на последниот ден од фестивалот.

Настанот е дел од низата активности што Diamond Mall ги нуди на своите посетители, овозможувајќи им нови и поинакви искуства, кои се комплементарни со останатите содржини на трговскиот центар. Благодарение на ваквиот уникатен концепт, Diamond Mall прерасна во една од омилените дестинации за сите жители и посетители на главниот град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK