Ви ја споделуваме нашата најнова вест по повод објавувањето на НОВОГОДИШНА КАЛАНДА „ЧУК, ЧУК, КОЈ ИДЕ?“ во изведба на хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево
Со длабока почит кон вековната духовна и народна традиција, Хор „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево ја објави новата новогодишна каланда „Чук, чук, кој иде?“, посветена на празникот на Свети Василиј Велики и благословот на Новата година, за која изработи и прекрасен видео запис.
Оваа каланда ја носи пораката за здравје, бериќет и духовна обнова, како што со генерации се пеела при новогодишните благослови од дом на дом. Текстот на новогодишната каланда обединува делови од старата Дебарско-реканска песна и новиот современ и многу поучен текст.
Новогодишната каланда изразува еден достоинствен хорски аранжман, создавајќи топла празнична и духовна атмосфера за сите оние кои ја негуваат православната традиција.
🎼 Снимено во студиото на Димитар Андоновски
🎶 Аранжман и оркестрација: Владимир Димовски
🎥 Видео запис, камера, монтажа и режија: Стојан Стојановски
📜 ТЕКСТ НА КАЛАНДАТА
„Чук, чук, кој иде?“ – Свети Василиј
Чук, чук, кој иде?
— Свети Василиј.
Од кај иде?
— Од Кесарија.
Што носи?
— Здравје и бериќет од Господа.
Сурова година, весела година,
голем клас на нива, голем грозд на лоза,
црвено јаболко в градина,
живо и здраво до година.
До година — до амина.
Среќна и бериќетна Нова година.
Почнува Нова година
на Божјата милостина,
и со споменот на свети
и блажен Василиј Велики.
Со арно нека почнеме
во Христа живот обновен,
далеку од зло и прелест,
и украсени со доблест.
И во просвештението
според Евангелието,
и со љубов и во светост
да сведочиме пред светот.
Среќна ви Нова година
со чиста душа, спокојна,
и со радост и со славје,
и догодина со здравје.
🎄 Среќна и бериќетна Нова година — со здравје и радост во секој дом!
🎬 ЕКИПА И УЧЕСНИЦИ
Режија, камера и монтажа: Стојан Стојановски
Асистент на камера: Александар Николовски
Продукција: 2С Студио
Изведба: Хор „Митрополит Козма Пречистански“ и голем број статисти кои со своето присуство создадоа вистинска новогодишна атмосфера.
🎻 Инструменталисти:
Кларинет – Игор Бакревски
Клавијатури – Вера Поповска
Виолончело – Дејан Цветковски
Контрабас – Коста Стевановски
Виолина – Димитар Андоновски
Лаута и уд – Петар Христов
🎧 Аудио снимање и постпродукција: Андоновски Мјузик
Продуцент, микс и мастер: Димитар Андоновски