Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал обезбедува финансиска поддршка и експертиза за дигитализација на ММСП со ваучери

go_digital_005
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Центарот за дигитална трансформација – GoDigital организираше информативен настан и работилница за микро, мали и средни претпријатија (ММСП) кои имаат за цел да го унапредат своето работење преку дигитализација. Како важен дел од програмата на ГоДигитал, во изминатиот период беа обучени консултанти за дигитализација. Оттука, на настанот беа доделени меѓународно признати сертификати на 17 извонредни консултанти, кои се опремени да им помогнат на ММСП во нивните напори за дигитална трансформација и да ги водат низ целиот процес.







Покрај сертификатите, настанот ја истакна посветеноста на GoDigital за финансиска поддршка на ММСП. „Нашата мисија е да создадеме еко-систем во Македонија кој ќе ја поттикнува и поддржува дигиталната трансформација на компаниите. Вака значајна улога може да одигра само непрофитна организација, каква што е всушност ГоДигитал, основана од Македонија2025.„ – истакна Проф. Никица Мојсоска Блажевски, директор на Центарот.

Јован Димитров, менаџер на програми во ГоДигитал смета дека во оваа почетна фаза на развој на дигитално општество и бизниси во Македонија, неопходна и финансиска поддршка на компаниите. Оттука, ГоДигитал нуди и ваучери за кофинансирање кои се движат од 6.000 до 10.000 евра за покривање на трошоците за имплементација на дигитални решенија кои ќе ја зголемат продуктивноста на компаниите„.

„Но, поддршката не застанува само кај компаниите, туку Центарот е посветен на поттикнување и на ИКТ компаниите од земјата да развиваат локални дигитални решенија применливи за ММСП преку нивното вклучување во каталогот на дигитални решенија.“ – дополни Васко Кроневски, ко-основач на Центарот.

На настанот, дел од сертифицираните консултанти презентираа и неколку успешни примери на компании кои преку дигитализација постигнале значајни резултати мерени преку зголемена профитабилност, зголемено задоволство на клиенти, намалено време на производство и подобрен квалитет на производи и услуги кај компаниите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK