­

Binance ќе биде домаќин на првиот собир за вмрежување на заедницата во Скопје


binance_2025-03-26 09.55.37
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути, со гордост најавува дека ќе биде домаќин на собир на заедницата во Скопје. Овој настан претставува уникатна можност членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.

Првата средба во Скопје ќе биде на 3 април 2025 година, од 17 до 21:30 часот во Скопје Мериот Хотел, Плоштад Македонија, Скопје, Македонија.


Присуството на состанокот е бесплатно, но поради ограничениот број на учесници, потребна е претходна регистрација достапна на линкот.

За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед на најновите производи и иницијативи на Binance, туку ќе имаат и можност да учествуваат во игри и социјално вмрежување, да добијат ексклузивни промотивни производи и можност да се сретнат и да се поврзат со други членови на крипто заедницата.

Агенда на средбата:

17:00 – 18:00 Пријавување

18:00 – 18.15  Воведна сесија

18:15 – 18:35 Екосистемот на Binance

18:35 – 18.45 Binance Alpha 2.0

18:45 – 18:55 Binance Affiliate програма

18:55 – 19:10 Binance Angels програма

19:10 – 19:40 Панел дискусија (прашања и одговори)

19:40 – 20:00 Кahoot  и доделување награди

20:00 – 21.30  Коктел, вмрежување и интерактивни игри

Binance продолжува да го поттикнува растот на глобалната крипто заедница преку обезбедување пристап до релевантни информации, иновативни производи и можности за вмрежување во крипто индустријата.

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем зад најголемата светска размена на криптовалути по обем на тргување и регистрирани корисници. Довербата на Binance му ја пружаат повеќе од 230 милиони луѓе во повеќе од 100 земји поради неговата водечка улога во безбедноста, транспарентноста, брзината на тргување, заштитата за инвеститорите и неспоредливото портфолио на производи и понуди на дигитални средства, од трговија и финансии до образование, истражување, социјални добра, плаќања, институционални услуги и карактеристики на Web3. Binance е посветен на изградба на инклузивен крипто екосистем за зголемување на слободата на пари и финансиски пристап до луѓето ширум светот со криптото како основно средство.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата www.binance.com

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK