Интервју со Никола Маркоски, Директор на одделот за „Истражување и развој“ во „Брако“ од Велес

Nikola_Markoski_Brako-e1639485271781-678x381
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Никола Маркоски : Од студиите во Минхен и Москва до најмлад директор во „Брако“ : Имаме капацитет да се натпреваруваме со европските земји во областа на инженерството и иновациите

„Брако“ , преку соработката со Машински Факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, директно ја поддржува македонската наука преку примена на истата. Во секторот „Истражување и развој “ или во секторот „ од идеја до финален производ“, разговараме со најмладиот директор во компанијата, Никола Маркоски.

Имајќи во предвид дека дел од Вашата едукација ја имате апсолвирано на Техничкиот Универзитет во Минхен, дали може да се каже дека инспирациите за иновативни  решенија во рамките на Green Machines се токму од таму?



Точно е дека бев на Техничкиот Универзитет во Минхен, и таму се занимавав со физика на плазма. Со доволно познавање на физиката не е проблем да се работи во било која друга област, особено во применето инженерство. Инспирациите и иновативните решенија се директен продукт од применување на физиката во апликативни решенија“,

Дипломиравте  и Физика на Peoples Friendship university of RUSSIA (PFUR) во Москва. Благодарение на стекнатите искуства на професионален план , дали може да ни кажете, каде  е Русија и поранешните СССР во планот со застапеност на Green machines?

Како што видов, Москва е еден од најчистите градови коишто сум ги посетил. Голем број на луѓе и машини работат во одржувањето на чистотата на градот во летно време, а во зима има голема ангажираност во справувањето со снегот. Во моментов ГМ не се застапени во Русија, но според мене мислам дека рускиот пазар би бил многу поволен за машини од овој тип.

Кој е мотивот да останете во својата земја и да го продолжите развојниот пат  во „Брако“ од Велес?

Мотивот да останам во својата земја е да покажам дека и ние имаме капацитет да се натпреваруваме со европските земји во областа на инженерството и иновациите. Во Green Machines  има можност за создавање на современи возила, конкурентни на светските пазари. Kомпанијата инвестира во развојот на возилата и нуди можност за напредок, развивање и применување на најнови технологии. Исто така отворени ни се сите светски пазари каде што може да се натпреваруваме со светската конкуренција.

Од скоро, во Германија, водечките ресори за екологија ги доби Партијата на зелените и имајќи во предвид дека најсилната европска економија  во наредниот мандат ќе стави голем акцент на заштитата на климата и екологијата, дали може Green Machines преку претставувањето на Меѓународниот саем за животна средина , што ќе се одржи  во Минхен (30.05-03.06.2022) , да го освои и конкурентски најсилниот пазар во Европа? 

IFAT во Минхен е најголемиот саем каде што ќе бидат претставени најголемите технолошки достигнувањата од оваа област. Нашиот тим, тимот на Green Machines, има развиено пет нови модели на возила – камион за чистење на улици, 636 модел со дизел мотор stage5, две електрични возила – познатиот GM модел 400ze во целосно електрична верзија со имплементирани иновативни решенија, електричен свипер со 2м3 контејнер за отпад и секако, за прв пат во светов, хидрогенско возило. Верувам дека Green Machines, со оваа палета на возила, може да го освои најсилниот пазар во Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK