За влез во државата на ГП Табановце се чека околу еден час, на ГП Богородица за излез околу 30 минути

granica_tabanovce_324322342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во државата на ГП Табановце е околу еден час, на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути.

Од АМСМ информираа дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.


Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK