Претежно облачно и посвежо, најмногу дожд наврна во Маврови Анови

dozd_234234323443
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето во текот на ноќва и утрово е облачно со локални врнежи од дожд. Претежно долж Повардарието дува умерен ветер од северен правец. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.

Наместа, посочуваат од УХМР, врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени Целзиусови.


Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, повремено пороен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Како што информира УХМР, во изминатото деноноќие најмногу дожд 35 литри на квадратен метар наврна во Маврови Анови, 24 во Тетово и Попова Шапка, 22 во Претори Крушево, 21 во Прилеп, 20 во Куманово, 16 во Крива Паланка и Демир Капија, 14 во Скопје кај Петровец, 13 во Охрид, 10 во Дебар, девет во Пожаране, шест во Виница, пет во Тополчани, четири во Штип, три во Струмица и Ѓуриште, два во Скопје кај Зајчев Рид и Битола, и по еден литар на квадратен метар во Берово и Лазарополе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK