Од верските календари

ikoni_pedesetnica_34534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

1 јуни 2023 (МИА)







Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 мај.

Свети Јован, епископ Готски

Беше епископ во Грузија, но кога тамошниот татарски каган почна да ги мачи христијаните, тој се оддалечи на четири години меѓу Готите во Бесарабија. (Готската епархија е образувана во времето на царот Константин Велики). Штом слушна за смртта на каганот, се врати на својата служба и раководеше со својата паства ревносно и богоугодно. Пред смртта рече: „По четириесет дена ќе одам да се судам со каганот“ (т. е. умирајќи ќе отиде пред престолот Божји). И така беше. Четириесеттиот ден се престави и отиде кај Господ. Се упокои мирно во 8 век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е 1 јуни

Свети Јустин

Денеска го славиме Свети Јустин, антички христијански филозоф, црковен отец, апологет и маченик. Роден е во 103 година во римската населба Флавија Неаполис (сега Наблус во Палестина). Учен филозоф од платонскиот правец, тој станал христијанин околу 130. Неуморен трагач по целосната вистина, се повлекол на едно затскриено место покрај морето со надеж дека ќе ја најде вистинската среќа и мудрост во тишината и размислувањето. Потоа, за време на неговата прошетка, тој сретнал мистериозен старец кој му открил дека вистинската вистина не се наоѓа во мудроста на Платон, туку во книгите на пророците и во новозаветните списи. Исус Христос е тој што носи спасение и среќа. Јустин тогаш со сета своја ревност се посвети на читање и проучување на книгите на Светото писмо, што толку го придоби и го убеди во вистинитоста на христијанството што побара да се крсти. Христовата мудрост не била единствениот мотив за неговото прифаќање на христијанството. На него влијаеле и христијаните, со кои стапил во контакт, особено херојството и верата на мачениците. Работел во Ефес и Рим, каде што основал филозофско училиште.

###

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK