– Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. UV=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.
Следува период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.