Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. UV=7
Во Скопје, ќе биде претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 33 степени.
И во недела ќе преовладува сончево време со свежо утро, а потопло преку денот.
Под влијание на влажен бран во понеделник облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови осетно намалување на дневната температура.
Од вторник се очекува претежно стабилно време со умерен до засилен северен ветер.