– Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време, силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.
Од недела следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.