– Попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста во земјава ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град, најавуваат од УХМР.
И во Скопје попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со
пороен дожд, грмежи и силен ветер, во делови од котлината во форма на невреме и услови за појава на
град.
Од утре и во почетокот на новата работна седмица следува стабилно и посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.