На денешен ден

na denesen den
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

29 јули 2023 (МИА)

 


1014.- Во битката на планината Беласица, кај Струмица војската на царот Самоил била поразена од војската на византискиот цар Василиј Втори, кој наредил околу 15 илјади воени заробеници да бидат ослепени, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите кај царот Самоил. Потресен од глетката, царот Самоил умрел на 6 октомври 1014 година. Четири години по неговата смрт, царството се распаднало.

 

1588.- Во времето на владеењето на кралицата Елизабета Прва, Англија ја победила шпанската „непобедлива армада“, со што биле создадени услови за превласт на Англија на море и на подоцнежните колонијални освојувања.

 

1883.- Роден е италијанскиот диктатор Бенито Мусолини кој владел со Италија од 1922 до 1943 година. Набрзо по почетокот на Првата светска војна, тој бил исклучен од Социјалистичката партија, а во 1919 година формирал фашистичка партија. Во октомври 1922 година во Неапол за време на конгресот на фашистите организирал поход на 60.000 приврзаници на Рим и дошол на власт. Под негово водство, Италија во 1935 година ја нападнала Етиопија, ги помагала фашистите во Шпанската граѓанска војна од 1936 до 1939 година, ја нападнала Албанија во 1939 година, потоа Франција и Грција во 1940 година. По истоварувањето на сојузничките сили на Сицилија, кон крајот на јули 1943 година бил соборен од власт. Италијанските партизани го убиле на 28 април 1945 година.

 

1890.- Се самоубил Винсент ван Гог, холандски и француски сликар, еден од најголемите експресионисти. Оставил 850 слики и 900 цртежи кои влијаеле пресудно врз развојот на европското сликарство и нему му донесле посмртна слава. Роден бил во Грот Зундер, на 30 април 1853 година.

 

1940.- Германскиот нацистички водач Хитлер ја почнал воздушната офанзива на британските острови. Во првата фаза од јули до октомври 1940 година не успеал да ја скрши британската одбрана, а во втората, до мај 1941 година, доживеал и сериозни порази. Тоа бил првиот пораз и доказ дека нацистичката сила е ранлива.

 

1948.- На стадионот „Вембли“ во Лондон биле отворени првите Олимписки игри по Втората светска војна.

 

1968.- Во енцикликата „Humanae vitae“ (За човечкиот живот) папата Павле Шести им ги забранил на римокатолиците сите облици на вештачка контрола на раѓањето.

 

1982.- Во Принстон, САД, умрел Владимир Зворник, „таткото на телевизијата“. Во 1926 година успеал електронски да ја разложи сликата. Тој придонесол телевизијата, како електронски систем да ја претвори во практичен систем во најширока употреба. Измислил повеќе од 120 електронски и електротехнички апарати. Роден бил во Муром, Русија, на 30 јули 1889 година.

 

1983.- Умрел Луис Буњуел, француско-мексикански филмски режисер од шпанско потекло. Познат е по своите надреалистички оставрувања. Има снимено 32 фила, меѓу кои се „Ангелот на смртта“, „Тој мрачен предмет на желбите“, „Убавицата на денот и „Шармот на буржоазијата“. Роден бил во 1900 година.

 

1993.- Киргистан ја признал Република Македонија.

 

1994.- Поранешниот италијански премиер Бетино Кракси бил осуден на осум ипол години затвор под обвинение за измама.

 

1996.- Во Бриџтаун, на карипскиот остров Барбадос, умрел Клодет Колбер, родена како Клодет Лили Шошоан, кралица на холивудските комедии во 30-ите години на 20-от век. Родена била во Париз, на 13 септември 1903 година.

 

2003.- Долниот дом на белгиското собрание ги овластил белгиските судови да им судат на сите обвинети за воените злосторства без разлика каде се направени и без разлика на националноста, вклучувајќи ги и граѓаните на САД, што предизвикало жестока реакција на официјален Вашингтон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK