Без струја делови од населбите Водно, Пинтија и Ѓорче Петров

struja_34535355353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од жителите на скопските населби Водно, Пинтија и Ѓорче Петров, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без струја денеска од 8:30 до 10:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Тасино Чешмиче“, „Ѓорѓи Скрижевски“ и „Партениј Зографски“ во населбата Водно во Општина Центар.


Од 9:00 до 14:00 часот денеска без струја ќе бидат корисниците од улица „1519“ во населбата Пинтија во Општина Кисела Вода.

Во истиот период прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од улиците „Ѓорче Петров“, згради број 33 и 35, „Смојлане“, „Сагудати“, „Штросмаерова“, „Даутица“, „Јосиф Ковачев“ и дел од улица „Социјалистичка зора“ во Ѓорче Петров.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK