Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска, поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улица Копенхагенска бр.2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Копенхгагенска, Софиска, Бриселска, Његошева, Петар Драганов и Стокхолмска во општина Карпош.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 08:30 часот до завршување на техничката интервенција.