„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Карпош и општина Бутел.
Во периодот од 9 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од улицата Леринска – непарни броеви, општина Карпош. Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот Босна и Херцеговина во општина Бутел. Исто така, во периодот од 16.30 до 18.30 часот корисниците од улицата Скупи – крак 6 во Злокуќани, општина Карпош, ќе останат без електрична енергија.