Без струја дел од Карпош

Без-струја-дел-од-Карпош.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, информира дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат корисниците на дел од улицата Дамаска во општина Карпош во периодот од 09:00 до 14:00 часот.



Утре од 08:30 до 16:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од село Батинци како и објектите на Живинарската фарма – Батинци и ЈП Дрисла во општина Студеничани.

Во недела од 04:00 до 07:00 часот, струја ќе немаат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу кванташки пазар, сите индустриски објекти на улицата Перо Наков како и корисниците од населените места: Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново во општина Гази Баба и општина Арачиново.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK