За викендот на ГП Богородица и Стар Дојран поминале 51 илјади патници

bogodorica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од петокот од 10 часот до вчера истото време на граничните премини Богородица и Стар Дојран на излез и влез во државата поминале над 51 илјада патници.

Како што соопштија од МВР, на ГП Богородица влез и излез оствариле 38.950 патници, од кои 14.456 се македонски државјани, а 24.494 странци.


На ГП Стар Дојран влез и излез оствариле вкупно 11.960, од кои 4.772 македонски државјани, а 7.188 странски државјани.

Според информацијата од МВР, во моментот времето на чекање е половина час.

Според информацијата од АМСМ од утрово, заради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата и на ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу еден час.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK