ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Во однос на „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, поради вградување на асфалтен слој (асфалтирање), на ден 07.06.2023 година, ќе биде затворена за сообраќај Делницата Велес – Градско (излез на Градско кон Неготино) од 08:00 – 18:00 часот.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Почнувајќи од 08.4.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за возила со дозволена носивост до 3.5 тони.