Поради градежни активности на делницата Демир Капија – Неготино, возилата ќе се пренасочуваат од едниот коловоз на другиот, на кој движењето во должина на два километри ќе се одвива во две насоки, известуваат од АМСМ.
Прекин на сообраќајот има на регионалниот пат од село Извор кон Прилеп, поточно од селото Степанци во Општина Чашка до Прилеп, кој поради наноси од земја и кал е непрооден.
АМСМ известува дека поради асфалтирање автопатската делница Велес – Градско, кај Градско, таа ќе биде затворена за сообраќај секој ден од 19 до 23 јуни, во периодот од 08:00 – 18:00 часот.