Вчера во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит.
Потоа со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување, соопшти полицијата.