Жена возејќи корса изгуби контрола и удри во бетонски столб

soobrakajka-trkalo-540x320-54567.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во 14.40 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот, обиколница град Скопје во правец од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа во која Д.Р. (44) од село Кондово, скопско, управувајќи патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и удрила во бетонски столб.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., додека нејзините сопатнички С.Р.(49) и С.Р.(19) двете од Скопје, се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK