Шеесет и двегодишна битолчанка била најдена почината во нејзиниот дом.
„На 16 август во осум часот во СВР Битола било пријавено дека во сопствениот дом во Битола била пронајдена почината Љ.Г.(62) од Битола. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.