­

Запленети шишиња со раствор за инјекции на Деве Баир


Лекови-Деве-Баир.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Царината заплени 133 шишенца со раствор за инјекции со вкупна вредност од 529.872 денари на граничниот премин Деве Баир. Лековите биле пронајдени кај косовски државјанин кој патувал со автобус.


„Мобилен тим на граничен премин Деве Баир при контрола на автобус заплени 133 шишенца со раствор за инјекции Gadovist 1.0 mmol/ml од 15 ml, со вкупна вредност од 529.872 денари, за кои е потребна дозвола за увоз издадена од Бирото за лекови. Непријавените лекови кои се користат за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца се пронајдени во кеса сместена на патничко седиште и истите биле сопственост на косовски државјанин кој патувал со автобусот“, информираа од Царинската управа.

Од Секторот за контрола и истраги е поднесена кривична пријава против сторителот за сторено кривично дело криумчарење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK