Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате вчера во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди и лишиле од слобода три лица.
Во периодот од 16 часот и 50 минути до 19 часот и 10 минути ги лишиле од слобода И.Д.(61) со одземени 3826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2895 парчиња, двајцата од Неготино и го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња.
Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани и по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци.