Денеска од страна на полициски службеници од СВР Битола -ОВР Прилеп на улицата „Прилепски бранители” во Прилеп, при контрола и преглед на патничко возило „голф“ управувано од 47-годишниот А.Б од Прилеп, пронајдени се и одземени вкупно 7480 парчиња пиротехнички средства, извести МВР.
Заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.