Залутано зрно од оружје заврши во грбот на Скопјанец додека возел велосипед низ Чаир

DSC_3671.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Додека 35-годишниот А.Ф. од Скопје се возел со својот велосипед во Чаир, почувствувал болка во грбот. Бил пренесен во болница, каде било констатирано дека бил погоден од залутано зрно од огнено оружје.


Според информациите од МВР, настанот се случил вчера напладне, а велосипедистот завршил на Комплексот клиники Мајка Тереза.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK