Залутано зрно од огнено оружје заврши во двор на куќа во Бутел


screenshot-2026-05-30-144640.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во СВР Скопје е пријавен инцидент во кој залутано зрно од огнено оружје завршило во приватен имот во скопската населба Бутел, соопштија од Министерството за внатрешни работи.


Според полицискиот билтен, на 28.05.2026 година околу 13:50 часот, шеесет и двегодишниот Е.М. од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа на подрачјето на Бутел, од залутано зрно од огнено оружје била оштетена пластична маса.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK