Вчера во 11.39 часот во СВР Куманово, Н.Ј.(59) од с.Лопате, кумановско, пријавил дека од заталкано зрно од огнено оружје било оштетено патничко возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, сопственост на Е.Н.(37) од с. Романовце, кумановско, а кое било паркирано во неговиот двор.
Полициски службеници од СВР Куманово го подигнале зрното за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.