Залутан куршум заврши во автомобил.
Настанот се случил вчера во Гази Баба, а полицијата дознала од сопственичката на автомобилот од марката „нисан“ – 45-годишна скопјанка.
Куршумот го оштетил кровот на нејзиното возило.
Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.