Загинатиот ексдиректор на „Идризово“ се возел со службено возило на АХВ кога се случила сообраќајката

Zivko.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот пратеник и директор на најголемиот затвор во државава, затворот „Идризово“, Живко Пејковски загинал возејќи се со службено возило на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Министерството за внатрешни работи соопшти детали за трагичната сообраќајка во која животот на лице место го загуби Пејковски.


„Вчера во 13:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Р-1305  на место викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило цитроен со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на  Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, соопшти денес МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK