Во 12.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.А.(25) од тетовско Камењане, кој удрило во пешак Р.Р. (61) од Теарце, кој од здобиените повреди починал на местото.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.