За време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол: две лица го признале делото

Уапсени-двајца-тетовци-не-застанале-на-наредба-оштетиле-возило-бегајќи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во СВР Струмица бил извршен службен разговор со 45-годишниот З.Д. и 25-годишниот Д.С., двајцата од село Ново Коњарево, струмичко, извести МВР.


„Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол. Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот“, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK