Вчера во 22.47 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека 28-годишната С.К. од село Конопница, кривопаланечко, на градскиот плоштад во Крива Паланка, при одржување на концерт, била повредена од огномет, извести МВР.
С.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во „Здравствен дом“ Крива Паланка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.