Во текот на јули годинава во акциски контроли спроведени на територија на цела држава казнети се 1874 возачи на мотоцикли. Од нив, 1266 возачи не користеле заштитна кацига, 308 возеле без возачка дозвола, а 45 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…
Како што соопшти МВР, засилените акциски контроли продолжуваат и наредните денови.