За брзо возење полицијата казнила 283 возачи на територија на цела држава

policija-kazni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во спроведена акциска контрола на територија на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се санкционирани 283 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од МВР денеска информираа дека притоа, 143 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.


Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK