Вознемирувал сопружници, ЈО му поднесе обвинение за „демнење“

nasilstvo-zeni
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за две кривични дела – „демнење“ од член 144-а од Кривичниот законик. Уште едно лице се гони за помагање при извршување на наведеното кривично дело, соопштија попладнево од Обвинителството.

– Обвинетиот, во периодот од 26 февруари до 9 мај, повторено неовластено прогонувал, се мешал во личниот живот и настојувал да воспостави несакан контакт со двајца сопружници. Во критичниот период, тој ги вознемирувал мажот и жената со повици, СМС пораки и пораки на телефонски апликации, ги фотографирал неовластено и им се заканувал дека ќе објави податоци за нив. Откако го пријавиле, вториот обвинет му помогнал така што му ветил дека тој лично ќе влијае да не биде процесуирана кривичната пријава против првообвинетиот, појаснуваат од Обвинителството.


Дополнително, наведуваат, против помагачот, Основното јавно обвинителство Скопје веќе поднесе обвинение и за кривично дело – „лажно претставување“, бидејќи со цел да покаже влијание и моќ пред лицето пријавено за демнење, му се претставувал како полициски службеник, а во пораки споменувал имиња на полициски службеници и јавни обвинители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK