Возило удрило во пешак, па во друго паркирано возило и во излог од вулканизерска работилница

Приведен-малолетник-управувал-возило-без-документи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK