Вчера во 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Драги Шутевски“ и ул.„Романовска“ во Куманово, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.С.(46) удрило во малолетен пешак, двајцата од Куманово, информира МВР.
Во несреќата со тешки повреди се здобил малолетникот констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од екипа на СВР Куманово.