Возач се обидел да и’ ја отвори вратата од автомобилот на струмичанка додека возела

zena-vo-kola.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Несекојдневен настан се случил вчера на регионалниот пат кон Струмица.



Триесет и едногодишна струмичанка пријавила дека додека се движела со своето патничко возило „фолкваген пасат“, едно лице кое управувало патничко возило “фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки се обидел да ја отвори нејзината возачка врата.

Од МВР велат дека со тоа ја загрозил нејзината сигурност и сигурноста на нејзините две малолетни деца.

Не е познато што претходело на настанот и дали двајцата се познавале од претходно.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK